Вардаризација на Европа (фотогалерија)

Фантастична беше атмосферата во СЦ „Јане Сандански“ уште од самиот почеток, како сите присутни да претчувствуваа што ќе се случува – ново вардарово ракометно шоу и испишување на нови страници во историјата на македонскиот клупски ракомет. Вардар одигра маестрално, Штербик бранеше извонредно, сите „клаваа“ голови, а кога веќе треба да се истакне поединец, тоа нека биде Лука Циндриќ, Хрватот кој го изненади Фленсбург среде Германија, но и вечерва, при специјална одбрана за него повторно го „збудале“ германскиот состав со своите голови и асистенции.Едно да е јасно, Фленсбург нема презвучни имиња во своите редови, но сепак важи за гигант во европски рамки. Исто како што важеа и Кјелце и Некар Левен, кои доживеаја слична судбина како избраниците на Врањеш вечерва. А Вардар со тие изданија покажа дека ги надмина „детските болести“ од претходните сезони, па годинава прерасна во вистински европски гигант.А гигантите секогаш се стремат кон врвот, па така и „црвено-црните“ немаат причина да застанат – туку со вакви изданија како против Фленсбург да атакуваат и на трофејот во ЛШ. [new_royalslider id=”613″]

Се вчитува...