„Вардарката“ Алтхаус наместо во пензија, замина во Ѓер

Ања Алтхаус уште пред повеќе од два месеци најави дека ЖРК Вардар ќе биде нејзин последен клуб и летово ќе замине во пензија. Токму затоа, изненадувачки делува денешната информација според која германската интернационалка својата кариера ја продолжува во редовите на новиот европски првак Ѓер. Германката денеска ја имаше и својата официјална промоција во новиот клуб, потпишувајќи едногодишен договор со Ѓер.

„Одлуката за пензија беше донесена пред фајналфор. Сепак, по долго размислување ова изгледаше како добра одлука. Ме контактираа тренерот и претседателот на Ѓер, разговарав со нив и решив да потпишам едногодишен договор. Со нетрпение го очекувам новиот предизвик во кариерата“ – изјави Алтхаус.

Германската интернационалка во својата кариера има две титули европски првак, како член на Виборг во 2009 и во 2010 година. Таа својот најдобар меч во дресот на Вардар го одигра токму на големото финале од ЛШ против Ѓер, кога постигна седум погодоци, што беше препорака за реализација на овој трансфер.

Се вчитува...