Вардарки насмеани, со „полни куфери“ оптимизам, пристигнаа во Будимпешта (ФОТО)

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски

Вардаровите ракометарки точно на пладне во одлично расположение пристигнаа во Будимпешта каде викендов ги очекува учеството на Фајнлфор турнирот од Лигата на европските шампиони. За еден час ќе го имаат и првото дружење со македонските медиуими кои се во главниот град на Унгарија.

„Вардарки“ се третиот тим кој се пријави во хотелот „Акуинкум“ каде ќе бидат сместени на годинашниот Ф4. „Црвено-црните” ќе се борат за прво учество во финале, а Андреа Пенезиќ за својот втор трофеј за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.

ЖРК Вардар се впушта во последните два натпревари во сезоната во ЛШ како тим кој го има најдобриот напад, со 451 постигнати гола. Сезонава има и најдобра гол разлика, + 76 на 14 досега одиграни натпревари. Исто така и во четвртфиналето бевме меѓу тимовите што постигнаа најмногу голови. Досега Вардар има одиграно вкупно 60 натпревари во ЛШ, и на 40 триумфирале, а шест завршиле со реми. Сезонава имавме серија од 10 натпревари без пораз и 8 победи по ред.

Vardarki vo Budimpesta 2

Во полуфиналето на Ф4 турнирот во Будимпешта „вардарки“ утре играат со ЧСМ Букурешт, актуелниот европски шампион. Три актуелни играчи од составот на Вардар имаат зад себе трофеи од ЛШ: Ања Алтхаус (двапати со Виборг 2008/2009 и 2009/2010), и Андреа Лекиќ и Јованка Радичевиќ (двете со Ѓер во 2012/2013). Тренерот Ирина Дибирова исто така има две титули, како играч (Слагелсе 2004/2005 и Звезда 2007/2008).

Вардар е единствен тим што од секој настап на Ф4 се враќал со медал. На претходните три настапи вардарки секогаш го освојуваа бронзениот медал. Оваа година, без сомнение, огромна е желбата да се стигне и до првото финале и титулата европски шампион.

Се вчитува...