„Вардарки“ поразени од Партизани Тирана

Одбојкарките на Вардар претрпеа пораз на денешниот дуел со Партизани Тирана, губејќи со 3-0 од актуелните шампионки на Албанија. „Црвено-црните“ одиграа солиден натпревар, добро се држеа во трите сета, но падот на концентрацијата во клучните моменти пресуди за овој пријателски меч во Тирана да заврши со максимален триумф на домаќинките.

Првиот сет заврши со 25-20 за Партизани, во вториот домаќинките славеа со 25-23, додека во третиот македонскиот тим освои 24 поени, што сепак се покажа недоволно за победа во сетот (26-24).

„Вардарки“ ја завршија мини-турнејата низ Албанија со една победа и еден пораз, откако вчера славеа со 3-1 на дуелот против Хуки Волеј.

Се вчитува...