Вардарки со минимална победа против Будуќност во ВРХЛ

Ракометарките на Вардар славеа против Будуќност so 27-26, во претпоследниот натпревар во Регионалната ВРХЛ лига во која уште од претходно ја одбранија шампионската титула. Последниот турнир од регионалното натпреварување се игра во комплексот Верде во Црна Гора.

Вардарки во текот на целиот натпревар беа во предност, најмногу со четири гола разлика (24-20, 26-22). Во финишот црногорскиот тим успеа да ја намали разликата и да дојде и во позиција за изедначување, но Ина Суслина успеа да го одбрани завршниот шут на Будуќност и ја обезбеди победата на „црвено-црните“.

Во годинашнава сезона во Регионалната лига ВРХЛ лига се играа пет турнири, на кои Вардар е неприкосновен со осум победи и едно реми во Скопје со Будуќност.

Во последниот натпревар, утре вардарки играат против Крим, а во четврток е последниот дуел сезонава меѓу Будуќност и Крим. На крајот од турнирот  на ракоемтарките на Вардар ќе им биде врачен и шампионскиот пехар.

Се вчитува...