„Вардарки“ стигнаа во Будимпешта, ќе биде ли „петта среќа“ (ФОТО+ВИДЕО)

Ракометарките на Вардар во позитивна атмосфера пристигнаа во Будимпешта, подготвени и мотивирани за последниот заедничкки атак на европската ракометна круна.

Ова е петти фајналфор во низа за македонскиот првак, по трите порази во полуфиналињата лани се стигна до финалето, но таму несреќно се загуби од Ѓер. Според „црвено-црните“, од тој неуспех се извлечени бројни поуки, се со цел грешките да не се повторат, па годинава да се изоди целиот пат – до врвот на ракометна Европа.

За утре е предвиден тренингот во салата „Ласло Пап“ каде вообичаено се одржува фајналфор турнирот, а в сабота во 18 часот е полуфиналната битка против рускиот првак Ростов.

Се вчитува...