Новиот член на Првата лига, Ангели по потпишувањето на Дамјан Крстевски редовите ги засили со уште еден играч кој во претходната сезона го носеше дресот на Вардар, Андреја Деолски. 21-годишникот доаѓа во позната околина со оглед на тоа што настпуваше на двојна лиценска за клубот од Кисела Вода.
Бекот кој во минатото го носеше дресот на Работнички, претходната сезона ја започна во Црн Дрим, а за стружани одигра само седум натпревари на кои бележеше просек од 7.0 поени и 2.0 скока пред да замине во скопските „црвено-црни“ каде ја заврши сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА