Вардар загуби уште една битка во ЛШ, но се уште со гордост ја носи европската ѕвезда. Ракометарите кои едвај и го исполнуваат бројот за да се пополни ростерот се борат до последен атом, но не се може против реалноста. А таа е кристално јасна, Вардар тешко дише, и што би рекол Иван Чупиќ, треба паричка за да се отворат ноздрите широко.
Не беше исполнета „Јане Сандански“ како во некои минати времиња, но сепак, има и такви кои без Вардар не можат, и не сакаат….Вардаровирус…Не стравуваа(т) од коронавирусот и дојдоа да ги бодрат ракометарите. А, и кога тешко се дише, од трибините песната ечи….И кога ќе изгубите, нема да ве оставиме…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА