ЕКИПА во Келн,
Катерина Павлова Николовска
Една деценија Ф4 во ракометната Лига на шампиони. Овој завршен турнир во Келн е посебен, а организаторите се потрудија да направат шоу за фановите. Пред „Ланксес Арена“ на гламурозен начин беа претставени годинашните учесници, а ракометарите на шампионот од 2017 година се појави во елегантно издание. Навивачите скандираа, ракометарите отпоздравуваа, ечи Келн со навивачки песни…
Од утре почнува и натпреварувачкиот дел, а Вардар за ривал во полуфиналето ја има Барселона во вториот меч од програмата. Претходно, силите ќе ги одмерат Веспрем и Кјелце.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА