„Вардарци“ го чекаат вторник – „Ден Д“ и средба со Михајловски

Следната седмица ќе биде клучна за формирањето на играчкиот ростер на РК Вардар за наредната сезона, откако новиот претседател Михајло Михајловски закажал состанок со ракометарите, по кој ќе стане јасно кој од нив ќе остане, а кој ќе си замине од таборот на „црвено-црните“. Михајловски веќе најави дека ќе има намалување на буџетот и оние кои се „флексибилни“ би можеле да останат, во изминатите денови претседателот на клубот водеше преговори за носење на нови спонзори во клубот, а за вторник е закажана неговата средба со играчите.

„Планот беше до 15, надоцна 20 мај да се состави буџетот, да се има претстава со колкави средства ќе располага клубот. Со ракометарите ќе се сретнам во вторник, по што ќе имаме конкретни информации кој ќе продолжи да го носи дресот на Вардар“, изјави Михајловски за ЕКИПА.

Воедно, првиот човек на клубот потврди дека е постигнат договор со Иван Чупиќ за Хрватот и во следната сезона да го носи дресот на Вардар.

„Точно е, Чупиќ останува. Тој самиот побара да се сретнеме порано бидејќи сакаше да замине за Хрватска, седнавме и се договоривме“, открива Михајло Михајловски.

Се вчитува...