Вардарци го испробаа „Леркендал“ пред дуелот со Розенборг (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на македонскиот првак Вардар го одржаа официјалниот тренинг на стадионот „Леркендал“ во пресрет на утрешниот дуел со Розенборг во рамките на второто коло од групите во Лигата на Европа. Условите за игра се одлични, многу подобри од оние на „Железарница“, па избраниците на Чедомир Јаневски ќе можат да го дадат максимумот во намерата да стигнат до први бодови во групата.

Ривалот се чини дека исто така е релативно послаб во однос на Зенит, рускиот тим од кого Вардар прими пет гола на првиот меч на арената „Филип Втори“.

Европа не трпи импровизации, но нуди одлични услови секој да покаже колку знае и умее…

Фото: www.fkvardar.mk   [new_royalslider id=”788″]

Се вчитува...