„Вардарци“ ќе поделат премија од 250.000 евра за шампионската круна, се подготвува фешта по мечот со Шкендија!

Со вчерашната победа на гостувањето против Струга ТЛ, Вардар повторно ја врати шампионската титула во своите витрини, како заокружување на успешната сезона.

Па, од раководството на „црвено-црните“ денеска и информацијата за освоениот нов шампионски трофеј, „вардарци“ ќе поделат премија од 250.000 евра.

Најава од вардаровиот табор и дека по последниот овосезонски натпревар против Шкендија, на кој ќе се прославува титулата, ќе има и организирана фешта за сите навивачи и фанови на клубот.

Подготовките за настапите во квалификациите за Лигата на шампионите, пак, „вардарци“ ќе ги почнат на 8 јуни во Скопје. Главните подготовки ќе бидат во Италија, под водство на новиот тренер, најверојатно Аргентинецот Кристијан Фабиани, откако актуелниот стратег Гоце Седлоски продолжува како селектор на македонската репрезентација.

Се вчитува...