Вардарци на колена побараа прошка…Комити пееја „И кога ќе загубите, нема да ве оставиме“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Европските прваци беа надиграни од Кил во „Јане Сандански“. Загубија со 20-31, одиграа катастрофално прво полувреме и не можеа да се вратат резултатски до самиот крај. Знаат дека не беа на потребното ниво и по мечот на колена побараа прошка од верните фанови.

А „Комити“ пееја „И кога ќе загубите, ние не ве оставаме“…Хемијата меѓу фановите и клубот и понатаму е на врвно ниво. Ракометарите во изминатите години донесоа многу радости…Еден пораз од Кил, макар бил и така убедлив, подготвени се да го простат…

 

Се вчитува...