„Вардарци“ на крилјата на „Комити“ водат на полувремето со Шкендија, предност уште за Македонија ЃП… (ВИДЕО)

Вардар има предност од 1-0 против Шкендија на полувремето во дерби-пресметката на 24. коло од Првата македонска фудбалска лига. „Вардарци“ ја изненадија фаворизираната Шкендија во првиот дел, водени од извонредните „Комити“ кои даваат нескриена мотивација за фудбалерите во одличниот амбиент на „Борис Трајковски“.

Вардар дојде до предност од 1-0 против фаворитот уште во 18. минута од средбата.

Матеус Лемос донесе предност за „црвено-црните“. По нафрлањето од корнер на Глишиќ, Лемос на втор дирек одлично со глава, со лоб удар, погоди за водство на „вардарци“.

Предност на полувремето има уште само за Македонија ЃП која води со 1-0 против Тиквеш во Ѓорче Петров.

„Лавовите“ до водство дојдоа со голот од пенал на Велкоски во 37. минута од средбата.

ПРВА ЛИГА – 24. КОЛО (прво полувреме)
Кратово: СИЛЕКС – АП БРЕРА 0-0
Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1-0
Лемос 18′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР 0-0
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ 1-0
Велкоски 37′(п)
Охрид: ВОСКА СПОРТ – ШКУПИ 0-0
УТРЕ (15 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ

Се вчитува...