„Вардарци“ на прием и кај претседателот Пендаровски и во Град Скопје (ФОТО)

По приемот во Владата, ракометарите на Вардар денеска имаа прием и од страна на претседателот Стево Пендаровски на кој присуствуваа и почесниот претседател на клубот и најавен иден спонзор, Михајло Михајловски, претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, како и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Претседателот Пендаровски им честиташе на големиот успех посакувајќи клубот во иднина да продолжи со истите цели и амбиции.

Новите европски ракометни шампиони ги прими и градоначалникот Петре Шилегов кој нагласи дека и натаму, како и досега, Град Скопје цврсто ќе ги поддржува сите свои спортски колективи.

Се вчитува...