„Вардарци“ отпатуваа за Норвешка : Розенборг е можност за први бодови во ЛЕ (ФОТО)

Македонскиот шампион Вардар утрово замина кон норвешкиот град Трондхајм, каде што утре во 19 часот ќе го игра вториот натпревар во Групата „Л“ од Лигата на Европа, против Розенборг.

Според програмата, по денешното попладневно пристигнување во Норвешка, „вардарци“ од 18:30 часот ќе ја одржат и официјалната прес конференција, а за 19 часот закажан е и официјалниот тренинг на стадионот „Леркендал“ каде што ќе се одигра утрешниот натпревар.

vardarci za norveska 2

Вардар во Трондхајм оди по првиот триумф во групната фаза од Лигата на Европа после поразот од Зенит во првото коло на натпреварот одигран во Скопје.

Се вчитува...