„Вардарци“ потпишаа со Симовски и најавија атак на двојна круна

Одбојкарскиот клуб Вардар на стартот од сезонава најпрвин застана на стабилни нозе, а во меѓувреме почна и да создава респектабилен тим за атак на висок пласман.

„Црвено-црните“ денеска го официјализираа и трансферот на Дејан Симовски, македонскиот репрезентативец кој ќе донесе и квалитет и искуство во таборот на „вардарци“ во клучниот дел од сезоната.

„Големи засилувања за вториот дел од сезоната !! Искусниот репрезентативен коректор Дејан Симовски и официјално ги засилува нашите редови. Покрај него, со уште еден интернационалец и репрезентативец значително го подигнуваме нивото и квалитетот на организација на нашата игра. Амбициите за враќање на двојната круна во Скопските витрини се реални. НАПРЕД ВАРДАР“ – се пофалија „црвено-црните“ на својата официјална фејсбук страница.

Се вчитува...