„Вардарци“ само си се прошетаа низ Прилеп

Ракометарите на Вардар 1961 сосема очекувано славеа убедлива победа од 19-34 на гостувањето против Прилеп во 3. коло од Суперлигата на Македонија.

„Црвено-црните“ дека ќе немаат никаков проблем во Прилеп, кој очигледно им претставуваше само една викенд-прошетка, покажаа од самиот почеток на средбата. Веднаш презедоа водство за на полувремето да заминат со предност од 12-17.

И, ако домашните во првиот дел пружаа барем некаков отпор, во второто полувреме беше целосна доминација на Вардар кој дојде до конечен триумф од 15 гола разлика (19-34).

Дејан Манасков со осум погодоци беше најдобар кај победничката екипа, шест запиша Филип Талески, а пет гола постигна Јан Чувара. Во домашниот тим Давор Шокоски постигна десет гола.

Ова е трета победа за Вардар 1961 во Групата А во Суперлигата, од исто толку натпревари, и трет пораз за Прилеп на стартот од сезоната.

Се вчитува...