„Вардарци“ само со полесен тренинг, за +17 против Прилеп

Ракометарите на Вардар имаат само еден вид полесен тренинг во Суперлигата на Македонија, триумфирајќи на домашен терен против Прилеп со убедливи 39-22.

Уште во првото полувреме беше јасно кој е кој на дуелот, па „црвено-црните“ на паузата заминаа со предност од 19-9.

Во вториот дел само рутински се зголемуваше предноста на крај за конечни 39-22.

По оваа победа Вардар се зацврсти на табелата со 14 бода, пред Алкалоид со 10 бода, и Пелистер, Охрид и Бутел кои имаат по девет бода.

Се вчитува...