Вардарци се жалат за продажбата на билетите за баражот во Струмица

Фудбалскиот клуб Вардар со соопштение на „Фејсбук“ по повод продажбата на билетите за баражот со Детонит кој ќе биде одигран во Струмица.

Од Вардарци се жалат дека имаат малку време навивачите да набават билети, и истите нема да може да се купат он-лајн, туку само со физичко присуство.

„Ја информираме јавноста дека иако извесен период апелиравме до ФФМ и повикувавме на состанок, а во врска со продажбата на билетите, истиот не се случи.

На само три дена до одигрувањето на натпреварот, бевме известени дека продажбата на билетите ќе започне денес(четврток, 23 мај) од 14:00ч на сите продажни места на МК Тикетс. Покрај тоа, билетите исто така нема да можат да се купат онлајн, туку единствено со физичко присуство.

Ваквата срамна постапка, со која огромната армија на наши навивачи, целосно неоправдано е ставена во неизвесност, покрај тоа што го отсликува аматеризмот во ФФМ, отвора и сомнеж дека зад сите овие ,,грешки” стои намерата, во Струмица да има што е можно помал број на навивачи на Вардар.

Но, и покрај се, веруваме дека ова не само што нема да ги одвлече нашите навивачи, туку и дополнително ќе влијае на што е можно поголемо присуство на историскиот натпревар. Нас ништо нема да не поколеба“, стои во соопштението на ФК Вардар.

 

Се вчитува...