„Вардарци“ слетаа во Скопје: Пречекани од Шилегов па веднаш пред „Комитите“… (ФОТО)

Чартерот со ракометарите на Вардар околу 21:35 часот слета на скопскиот аеродром од Келн заедно и со трофејот на ЕХФ за новата освоена европска шампионска круна.

„Вардарци“ беа пречекани од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов па потоа веднаш пред аеродромската зграда каде се собрани неколку илјади „Комити“ кои ги очекуваат своите миленици.

Веднаш потоа автобусот со ракометарите на европскиот шампион се упатува кон плоштадот Македонија во центарот на Скопје каде ќе биде организирана централната прослава, а веќе чекаат десеттина илјади поддржувачи на црвено-црните бои и спортски симпатизери.

Се вчитува...