„Вардарци“ слетуваат во 18:50 часот, Град Скопје организира чартер, дочек и награда од 6 милиони денари

И покрај бројните шпекулации, сега веќе и дефинитивно од Град Скопје информираа дека ракометарите на Вардар попладнево во 18:50 часот ќе слетаа на аеродромот во Скопје.

Град Скопје за ракометарите обезбеди чартер лет за кој од буџетот ќе бидат одвоени 39.500 евра. Како што информира градоначалникот Петре Шилегов, веднаш по пристигнувањето на плоштадот Македонија ќе се организира дочек на ракометарите за што се одвоени 2 милиони денари од буџетот на Градот.

Град Скопје ракометарите ќе ги награди и со 6 милиони денари.

„Вардарци“ вторпат во само три години стигнаа до европската шампионска титула откако вчера во финалето на Ф4 турнирот во Келн славеа против унгарски Веспрем со 27-24.

Се вчитува...