„Вардарци“ со песна пречекани на аеродромот во Скопје (ФОТО)

По остварувањето на најголемиот успех во историјата на клубот, вардаровата експедиција синоќа околу 2:30 часот по полноќ, пристигна во Скопје каде беше пречекани од околу 100 свои фанови на аеродромот „Александар Велики“.

„Вардарци“ беа поздравени со песни и скандирање за историскиот успех кој го приредија за својот клуб но и за македонскиот клупски фудбал, воопшто, по триуфот над Фенербахче и пласманот во групната фаза од Лигата на Европа.

vardarci precekani vo Skopje 2

„Вардарци“ денеска од 13 часот ја очекуваат и ждрепката за групите во Лигата на Европа оваа есен.

ФОТО: www.fkvardar.mk

Се вчитува...