Вардарци тренираат, ама Фелипе каде е?!

Македонскиот првак Вардар се пресели во Анталија, ја започна главната фаза од зимските подготовки, а тренерот Чедомир Јаневски не знае со каков тим ќе располага во пролетниот дел од првенството. Иако во овој период е можеби и очекувано да има турбуленции, одредени заминувања, но и ангажман на нови фудбалери, прашањето во Вардар е каде е постоечкиот кадар.

Висар Муслиу е под договор, но „одлета“ да си бара трансфер, Бобан Николов е на прагот да потпише за Видеотон, Бесир Демири „раскина“, Петар Петковски оди на позајмица, арно ама…го нема и Хуан Фелипе. Тој е дефинитивно најдобриот фудбалер на Вардар, па колку и да добил „попуст“ од Јаневски да остане подолго во Бразил, сепак, да не има тука и некои други моменти…

Се вчитува...