„Вардарци“, внимавајте: Страшниот Фленсбург го понижи Некар Левен

Вардар доби сериозно предупредување за моќта на својот нареден ривал во Лигата на шампионите откако Фленсбург денеска во полуфиналето од Купот на Германија го понижи германскиот првак Некар Левен со убедливи 33-23.

Иако без најзвучни имиња во своите редови, избраниците на Врањеш одиграа фантастичен натпревар одржувајќи му лекција на големиот ривал, а разликата од десет гола значи и израмнување на најубедливата победа што Фленсбург некогаш ја забележал против „лавовите“. Главна фигура беше данскиот голман Мелер, кој бранеше извонредно во второто полувреме, во кое Некар Левен само седум погодоци.

Во самиот финиш шанса добија и македонските репрезентативци кај „лавовите, Дејан Манасков и Филип Талески, при што левото крило постигна и еден гол, и тоа на асистенција на својот сонародник. Најефикасни кај Фленсбург при убедливата победа беа Лауге со седум и Егерт со шест гола, а тимот на Врањеш во големото финале утре за пехарот ќе се бори со вечниот ривал Кил.

Се вчитува...