Вардарци во светските медиуми – „Плаче Карабатиќ, плаче Омејер, Вардар е шампион!“

Сензационалниот настап и големиот триумф на Вардар во Лигата на шампионите ги однесе „црвено-црните“ на насловните страници на спортските медиуми во Европа – „Плаче Карабатиќ, плаче Омејер, Вардар е шампион!“,„Добредојдовте меѓу бесмртните“, „Вардар држи лекција по ракомет“… се само дел од насловите за успехот на македонскиот шампион.

marca

„Милионите не се секогаш гаранција за конечен успех. Таа лекција ја ја доби ПСЖ, клубот кој потроши над 5о милиони евра во последните четири години, но не успеа да стане шампион на Европа. Вардар како дебитант на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, им одржа лекција по ракомет. Македонскиот шампион предводен од Раул Гоналес и Давид Дејвис, со четворица Шпанци во своите редови, ја освои титулата во Келн, во еден од најспектакуларните мечеви во овој спорт во последно време. Тимот со најголемите ѕвезди во овој спорт беа разбиени од тимот што игра најпаметен ракомет во Европа денес“ – пишува шпанска „Марка“ за сензационалниот триумф на Вардар во Лигата на шампионите во текстот со наслов – „Шпанскиот“ Вардар ја освои првата шампионска титула“.

L'equipe

„La desillusion“ – РАЗОЧАРУВАЊЕ, е насловот на францускиот „Л’екип“  за поразот на ПСЖ од Вардар во годинашното финале на Ф4 турнирот во Келн.

„Македонскиот тим, кој исто како и ПСЖ беше дебитант во финалето на ЛШ, пожажа брилијантна одбрана, знаење во нападот и челични нерви во последната минута од натпреварот“ – ја фалат Французите играта на македонскиот шампион.

sportove

„Извонредниот Вардар е европски шампион!“ – пишува полскиот портал „Спортовефакти“

Хрватските медиуми го одбележаа „чудото“ на Вардар во Лигата на шампионите и големата улога што ја одиграа хрватските ракометари во „црвено-црниот“ дрес – Лука Циндриќ го постигна победничкиот гол во полуфиналето против Барселона, Иван Чупиќ беше стрелец на голот за шампионска титула против ПСЖ.

24saat

„Плаче Карабатиќ, плаче Омејер! Чупиќ со сирената, Вардар шампион“ , пишува хрватскиот портал 24sata.hr.

balka

Во текстот под наслов „Добредојдовте меѓу бесмртните: Вардар шампион на Европа!“, специјализираниот ракометен портал balkanhandbal.com, ги смести вардарци меѓу бесмртните. „Готово е, нестварно е, но, сепак Европа мора да се помири со тоа! Вардар е шампион на Европа! Во финалето падна најбогатиото клуб во светот, Пари Сен Жермен 24-23 со голот на Иван Чупиќ во последната секунда“ – пишува порталот.

Се вчитува...