Вардарци заминаа на подготовки во Рогашка Слатина

Два дена порано од предвиденото, фудбалерите на најтрофејниот македонски клуб Вардар денеска пристигнаа на подготовки во Рогашка Слатина (Словенија). Планирано е таму „вардарци“ да останат до 2. август. Во Словенија, Вардар ќе одигра пет пријателски средби.

Тимот на Александар Васоски денеска ќе го одработи и првиот тренинг во Рогашка Слатина.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ВАРДАР НА ПОДГОТОВКИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА
18.07 – Вардар – Дравиња (Словенија)
23.07 – Вардар – Горица (Хрватска)
27.07 – Вардар – Ал Аин (Обединетите Арапски Емирати)
30.07 – Вардар – Рогашка (Словенија)
31.07 – Вардар – Касимпаша (Турција)

Се вчитува...