„Вардарци“ заминаа за Истанбул: Време е за историја (ФОТО)

Вардаровите фудбалери во утринските часови отпатуваа за Истанбул каде утре ги очекува реванш натпреварот од плеј-офот во квалификациите за Лигата на Европа против турскиот гигант Фенербахче.

„Црвено-црните“ по пристигнувањето во Истанбул ќе одржат и прес-конференција во 18:30 часот по македонско време, а во 19 часот е официјалниот тренинг на Вардар на стадионот „Шукру Сарачоглу“.

Vardarci za Istanbul 2

Македонскиот шампион во Истанбул оди со историска шанса за место во групите од ЛЕ, за првпат за една македонска екипа. По оние првите 2-0 од Скопје како никогаш досега отворен е патот Вардар оваа зима да биде дел од најдобрите европски екипи. За тоа се свесни и самите фудбалери кои потенцираат дека ќе дадат се од себе за да го остварат својот и сонот на своите навивачи.

Се вчитува...