„Вардарци“ заминаа за Сан Себастијан: За поправање на впечатокот против Реал Сосиедад

Вардаровите фудбалери утрово заминаа за Сан Себастијан, каде утре ги очекува дуелот со Реал Сосиедад во 4. коло од групната фаза во Лигата на Европа.

По дебаклот кој го доживеаја во Скопје од истиот противник, сега во Шпанија се патува со желба за подобрување на впечатокот, иако сосема е јасно дека ќе биде повеќе од тешко да се освојат бодови против големиот фаворит.

Vardarci 2

Според програмата, „вардарци“ денеска во 18:30 часот ќе ја одржат официјалната прес-конференција пред мечот, а од 19 часот ќе биде тренингот на „Аноета“.

Се вчитува...