Варди го реши Евертон

Лестер ја оствари деветтата победа во Премиер – лигата, совладувајќи го Евертон на гости со 0-1. Џејми Варди беше човекот на одлука на овој меч, тресејќи ја мрежата на „карамелите“ во 58.минута од средбата.

Гостите искористија една грешка на домашниот тим, по што Варди беше проигран во шеснаесетникот и успеа да го совлада Џордан Пикфорд. По овој триумф, Лестер се наоѓа на седмата позиција на табелата со 31 бод.

Се вчитува...