Варта Познањ се откажа од Димитар Митровски

Димитар Митровски не е повеќе на тренинзи во полскиот прволигаш Варта Познањ. Тој на почетокот на ноември дојде на проба во таборот на Полјаците, но нема да потпише договор со нив. ЕКИПА испрати прашање до полскиот клуб дали Митровски ќе потпише за тимот, по што добивме одговор.

„Не, Митровски повеќе не тренира со нашиот клуб“, ни одговорија кратко од Варта.

Тоа значи дека Митровски ќе „брка“ ангажман во друг клуб. Тој најпрво тренираше со Партизан Белград, па со Работнички, за да замине потоа во Полска, во Варта Познањ. Засега нема ништо од потписот, а се очекува Митровски да замине во некој друг клуб, и во јануари да има нова средина. Во минатото Митровски ги мина сите младински категории на Спортинг Лисабон. Тој е поранешен младински репрезентативец на нашата земја.

Се вчитува...