Вашингтон им го нанесе третиот едноподруго пораз на ЛА Лејкерс

Вашингтон славеше против ЛА Лејкерс со 127-124 дури по продолжение, во еден од синоќешните натпревари од НБА лигата.

Визардс одиграа уште еден одличен натпревар, па после долга борба успеаја да запишат победа против актуелните шампиони. Лејкерс на полувремето имаа предност од 63-49, но во продолжението Вашингто успеа да дојде до израмнување во регуларниот дел, а потоа и до победа.

Вашингтон до триумфот беа предводени од Бредли Бил со 33 поени и Расел Вестбрук кој постигна 32 поени. Кај Лејкерс се истакна Леброн Џејм со 31 поен и 13 асистенции.

Далас синоќа триумфираше против Мемфис со 102-92, додека Портланд доживеа дебакл против Феникс од 132-100.

Се вчитува...