Вашингтон: Работнички почна да игра на своето ниво, по триумф и над Младост

По дебаклот на стартот на „балонот“ во АБА2 Лигата, Работнички ги консолидираше своите редови и во продолжението заигра далеку подобро при што забележа две победи едно по друго, прво над Подгорица, а потоа и над Ловќен. Избраниците на Димитар Мираковски имаа речиси два дена одмор по кои следи и нов дуел, последен од првиот „балон“ на лигата, овој пат против Младост Земун, со почеток од 21 часот.

„Сметам дека одигравме добро на турнирот. Работите започнаа лошо за нас на првиот натпревар, но имавме навистина „луд“ распоред со многу натпревари и патувања во кратко време, но се консолидиравме и конечно заигравме на нивото на кое треба да играме. Денеска треба да излеземе на паркетот со доза на енергија и да го одиграме она за што трениравме“ – изјави за ЕКИПА, Девон Вашингтон.

Тимот на Младост добро го започна „балонот“, со победа над Хелиос, по што следеа два пораза против Слобода и Студентски Центар во неизвесни завршници. Српскиот тим нема да се предаде на денешниот натпревар, но доколку Работнички одигра на своето ниво, „центарци“ сами ќе одлучуваат за исходот на овој натпревар.

Се вчитува...