Василев и Мажеикаи убедливо поразени од Жалгирис во првиот четвртфинален натпревар

Мажеикаи кој е предводен од македонскиот стартег Никола Василев очекувано беше поразен од Жалгирис со 97-61 во првиот четвртфинален натпревар од разгирувањето за титула во литванскиот шампионат.

Евролигашот кој важи за апсолутен фаворит за освојување на трофејот и покрај тоа што лошо го започна натпреварот и имаше негатива од 17-26 по првата четвртина успеа да стигне до целосен пресврт до полувремето и убедлива победа со одлична игра во второто полувреме.

Лидер на Мажеикаи со 15 поени беше Колинс, додека за Жалгирис 16 поени и 8 скокови оствари Станиулис.

Се вчитува...