Васоски: Бод во Тетово со актуелен шампион е добар старт

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски, го потенцираше задоволството од дерби дуелот на стартот од новата сезона во кое „црвено-црните“ одиграа 2-2 на гостувањето против Шкендија.

Васоски, сепак, нагласи дека има простор за напредок во иднина и за отстранување на некои грешки кои се појавиле во играта на Вардар.

„Бод од Тетово со екипа актуелен шампион е добар старт. Генерално сум задоволен, но има простор за напредок. Дадовме први гол, и потоа имавме неколку ситуации за втор гол каде што недостасуваше тоа завршно додавање. Шкендија имаше пенал кој не го реализираше, а потоа примивме еден гол по индивидуален потег. Не требаше да го примиме тој втор гол во ситуација кога имавме играч повеќе на теренот. Недозволиво реагиравме, и тука мораме да се подобриме и ќе работиме на тој план. Не се предававме, постигнавме гол и мислам дека заслужено дојдовме до бод. Сега добро ќе се одмориме и ќе се подготвуваме за следниот натпревар повторно во Тетово против Ренова. Сметам дека има некои работи кои треба да ги задржиме, а оние кои беа лоши треба да ги подобриме и ќе работиме напорно за да ги отстраниме грешките“ – изјави Васоски по мечот со Шкендија.

Се вчитува...