Васоски доби отказ, па Велковски експресно се врати во стартниот тим на Сараево

Бурата во Сараево што почна со конфликтот меѓу тренерот Александар Васоски и најискусниот фудбалер, Македонецот Крсте Велковски, резултираше со суспензија на голгетерот, но нешто подоцна и со смена на Васоски од тренерската функција.

На негово место за нов тренер беше именуван Џенан Ушпулиќ, кој пак без премногу размислување реши да го врати Велковски во првиот тим.

Не само што суспензијата на искусниот голгетер е поништена, туку Велковски ќе биде стартер за Сараево на денешниот дуел со Широки Бријег.

Се вчитува...