Тренерот на Силекс, Александар Васоски доби казна од еден месец суспензија без право да го води тимот, поради добиениот црвен картон по завршувањето на вчерашниот натпревар меѓу Силекс и Вардар (1-1).
Васоски „поцрвене“ поради неспортско однесување и, како што пишува во официјалниот записник, вербален напад по крајот на мечот на контролорот на натпреварот, Јосип Бартон, кој е претседател на Комисијата за делегирање судии при ФФМ. Покрај суспензијата, Васоски заработи и парична казна од 200 евра.
Силекс ќе биде без својот тренер на натпреварите против Брера Струмица, Тиквеш и Воска Спорт.
Суспензија од еден меч заработи фудбалерот на Силекс, Илија Донов за црвениот картон заработен на крајот од првото полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА