Васоски: Фудбалерите се максимално мотивирани за одбрана на Куп трофејот

Академија Пандев ќе се обиде да стигне до својот втор трофеј во Купот на Македонија, каде утре во финалето ќе се сретне со Силекс. Тренерот на струмичани, Александар Васоски вели дека фудбалерите се максимално мотивирани и се надева дека ќе успеат да стигнат до посакуваниот трофеј како на најдобар можен начин би ја завршиле сезоната.

„Очекуваме да го задржиме трофејот. Ние сме последни освојувачи, верувам дека ќе го дадеме максимумот, тоа е шанса за излез во Европа. Шансите се 50-50, можеби наша мала предност е што обезбедивме опстанок, а Силекс ќе треба да игра бараж. Финалето се игра да се победи и на таков начин ќе му пристапиме. Сите фудбалери се подготвени за настап и максимално се мотивирани“, вели Васоски.

Фудбалерот на „пандевци“ Ѓорѓи Стоилов се сложува со изјавата на тренерот и верува дека неговиот тим може да се радува на трофејот.

„Како што кажа и шефот чест е да се игра финале. Сите сме мотивирани и веруваме дека можеме да го надиграме ривалот иако секако го респектираме тимот на Силекс“, дополнува Стоилов.

Финалниот натпревар е закажан за утре на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток во 19 часот.

Се вчитува...