Васоски ги носи Мартинага, Стојчевски и Крстевски во Академија Пандев

Повеќе од сериозни промени го очекуваат таборот на Академија Пандев за време на зимската пауза. По повлекувањето на шефот на стручниот штаб Југослав Тренчовски, веќе сосема јасно е дека пред промоција како нов тренер на клубот е Александар Васоски, досегашниот тренер на Вардар.

Се очекува пристигнувањето на Горан Пандев во Македонија пред да следи и официјалната промоција на Васоски како нов шеф на стручниот штаб на Академија Пандев.

Но, со преселбата на Васоски во Академија Пандев, ќе следи и преселба на неколку фудбалери од Вардар во редовите на струмичкиот прволигаш. Како што дознава ЕКИПА, веќе е договорено кариерите во Вардар да ги продолжат, 22-годишниот хрватски интернациналец Марко Мартинага, како и младинските репрезентативци кои минаа одлична полусезона во црвено-црните редовите, 18-годишниот Виктор Крстевски и 17-годишниот Андреј Стојчевски кои играат на дефанзивните позиции.

Желба на Академија Пандев е и капитенот на Вардар, Дарко Мицевски, како и крилниот офанзивец Матеј Цветаноски но и двајцата имаат сериозни понуди од уште неколку клубови од домашната прволигашка сцена, пред се од Шкендија, како и од странство.

Се вчитува...