Васоски го носи Мартин Мирчевски во Сараево!?

Најдобриот стрелец по есенскиот дел во македонскиот шампионат Мартин Мирчевски би можел својата кариера да ја продолжи во повеќекратниот шампион на БиХ, Сараево, кој од зимската пауза е предводен од македонскиот стратег Александар Васоски.

Мирчевски соработуваше со Васоски претходно во Вардар и во Академија Пандев, од каде сега би се преселил во редовите на Сараево. Претходно, како што е познато, интерес за услугите на македонскиот напаѓач се спомнуваше и од турската Маниса.

Васоски и стручниот штаб на Сараево го комплетираше со претходните свои соработници, Раденко Бојовиќ кој ќе му биде прв помошник и во БиХ, а за физичката подготовка на фудбалерите ќе биде задолжен Михајло Костиќ, тренер кој долги години беше во таборот на Вардар.

Се вчитува...