Васоски и Сараево први полуфиналисти во купот на Босна и Херцеговина

Македонскиот стратег Александар Васоски и неговиот Сараево се првите полуфиналисти во фудбалскиот куп на Босна и Херцеговина. Тие денеска во реваншот од четвртфиналето против Слобода Тузла одиграа без победник 0-0 и успеаја да ја зачуваат предноста од два гола (2-0), од првиот натпревар одигран пред седум дена во Сараево.

Александар Васоски во јануарскиот преоден рок премина во редовите на Сараево и веднаш почна да бележи одлични резултати со поранешниот шампион на Босна и Херцеговина.

Даниел Аврамовски стартуваше од првата минута и го одигра цел натпревар, додека Крсте Велковски се најде на клупата за резервни фудбалери.

Се вчитува...