Васоски и Сараево со позитива од два гола ќе патуваат на реваншот во Тузла

Александар Васоски и неговото Сараево со позитива од 2-0 ќе патува на реваншот во Тузла кај Слобода во реваншот од четвртфиналето во Купот на Босна и Херцеговина. Чатаковиќ во четвртата и Ахметовиќ во 47. минута.

Поранешниот репрезентативец на Македонија и легенда на клубот Крсте Велкоски во игра влезе во 77. минута и ги одигр последните петнаесет минути од мечот. Вториот македонски интернационалец во Сараево, Даниел Аврамовски и на овој натпревар не беше ниту на клупата за резервни фудбалери.

По доаѓањето на Васоски на кормилото на Сараево ова е втора победа за клубот од главниот град на Босна и Херцеговина во вториот натпревар. Иако веќе одамна ја изгубија шансата за титула во домашниот шампионат каде имаат дваесет бода негатива зад првопласирана Зрињски, Васоски и неговите фудбалери шансата за трофеј ќе ја бараат во националниот куп.

Се вчитува...