Александар Васоски и со трета победа по ред низ подготвителниот период го почна својот тренерски ангажман во Силекс.
Кратовци денеска со 1-2 славеа против Пелистер во Охрид, со головите на Милосављевиќ во 25. минута и Каланоски во 27.минута. Пелистер со гол во второто полувреме успеа само да го ублажи поразот.
Кожуф, пак, со 3-0 славеше против прилепска Победа. Резултатот го отвори Ангел Кочев по асистенцијата на Метин Иљази, потоа резултатот го зголеми токму асистентот на привот гол, Метин Иљази. Третиот гол за гевгеличани беше дело на Кире Митков.
Арсими и Башкими ремизираа (1-1) во меѓусебниот тест дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА