Васоски: Лигата во БиХ е посилна од Македонија, ама терените се катастрофа

Македонскиот стратег Александар Васоски, во изјава пред медиумите од БиХ, вели дека босанската лига е поквалитетна од македонската но терените во земјата се во катастрофална состојба.

„Терените? Тука е посилна лигата од Македонија, но инфраструктурата е полоша, има само 2-3 нормални терени. Сите го имаат тој исти проблеми, терените се нешто основно, на сите нас е од интерес да бидат како што треба“ – истакна Васоски на прес-конференција пред дуелот на Сараево со Посушје.

„Во Купот одевме да одиграме на пласман понатаму и успеавме во тоа. Натпревари како тим против Посушје може да бидат проблематични, но ќе имаме 100% пристап и секако се надеваме на победа, оправдувајќи ја фаворитската улога“ – дополни македонскиот тренер.

Се вчитува...