Васоски лут: Играчите се нервозни, за Вардар нема ист „аршин“ од судиите

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски не го криеше револтот по поразот на дербито од Шкендија потенцирајќи дека судиите го одлучиле победникот.

„Вардарци“ постигнаа чист погодок преку Филип Најдовски во 38. минута, но иако топката заврши зад гол-линијата од голот на Костадин Захов, сепак делителите на правдата не го забележаа тоа…

„Повторно сме оштетени. И на двата натпревари со Шкендија судиите со одлуки контра нас. Очигледно се нема ист аршин во судењето. Играчите се нервозни, незадоволни, но нема враќање назад. ФФМ треба да се запрашаат малку околу начинот на делегирање на судии. Што се однесува до натпреварот мора да признаеме дека немаше некоја голема убавина. Единствено во првите 30 минути Шкендија беше подобра, а потоа воспоставивме контрола и не заслуживме пораз“ – изјави Васоски по натпреварот во Тетово во изјава за МАКФУДБАЛ.МК.

Се вчитува...