Васоски: Mладата репрезентација има селектор, во моментов не преговарам со никого

Александар Васоски после напуштањето на функцијата шеф на стручниот штаб на Сараево, се врати во Скопје каде што сега времето го минува со своето семејство. Околу ангажман засега не размислува, барем така вели тој во изјава за „ЕКИПА“. Шкендија, странски клуб и превземање на младата репрезентација се само шпекулации.

Но, во едно интервју во БИХ се појави информација дека преговара за превземање на младата селекција, по што одговори:

„Младата репрезентација на Македонија си има селектор. Новинарот од БИХ кој го напиша интервјуто ме праша за иднината, а јас кажав дека само имам желба еден ден да бидам селектор на младата репрезентација. Тоа е некоја моја желба одамна, која се надевам дека ќе се оствари. Не реков дека во моментов преговарам за преземање.“, ни изјави Васоски.

Исто така се појавија информации за преговори со Шкендија, и со еден странски клуб. Васоски вели тоа се шпекулации.

„Тоа се шпекулации. Во моментов немам разговори со никого, и сакам прво да се одморам, па после ќе одлучам околу мојата иднина.“, заврши екс тренерот на Вардар и на Академија Пандев.

Се вчитува...