Васоски: Осоколени сме по двете победи во низа, одиме на триумф и во Кратово

Вардар игра одлично по рерпезентативната пауза во ПМФЛ откако за првпат сезонава успеа да врзе две победи во низа против Борец и Академија Пандев. Тренерот на „црвено-црните“ Александар Васоски вели дека се осоколени од двете победи во низа и добрата серија сакаат да ја продолжат и во Кратово.

„Осоколени сме од двете победи против Борец и Академија Пандев. Иако Силекс е квалитетен тим ние одиме по три бода и во Кратово. Имаме проблеми со ситни повреди кај некои фудбалери и најверојатно Дарко Мицевски и Бојан Најденов повторно ќе бидат надвор од тимот. Сепак и покрај малите проблеми кои ги имаме ние одиме на три бода и на овој меч“, вели Васоски. 

Натпреварот кој ќе се игра во Кратово е закажан за утре со почеток во 13 часот.

Се вчитува...