Васоски: Презадоволен сум…, сакаме Вардар да се приклучи и во битката за Европа

Вардар за првпат сезонава стигна до две победи во низа во прволигашкото друштво откако славеше и против Академија Пандев со 2-0. Тренерот на „црвено-црните“ Александар Васоски вели дека е презадоволен од победата очекувајќи, како што вели, да продолжат со добрата игра и во следните мечеви.

„Задоволен сум од играта во второто полувреме и од победата над Академија Пандев. Во првиот дел бидејќи не можевме да сметаме на нашето „срце“, капитенот Дарко Мицевски и Бојан Најденов кои не можеа да настапат поради мали повреди, почнавме малку исплашено. Сепак, во вториот дел се созедовме одигравме одлично, а на крајот можевме да стигнеме и до поубедлива победа, бидејќи не искористивме неколку убави шанси. Задоволен сум од тоа што избегавме од опасната зона и се надевам дека во понатамошниот дел од сезоната ќе можеме да се приклучиме кон борбата за Европа“ – изјави Васоски за ЕКИПА веднаш по триумфот над „пандевци“.

Вардар во следното коло кое на програмата е веќе во среда му гостува на Силекс во Кратово.

Се вчитува...