Васоски промовиран во Сараево: Чест и задоволство ми е да бидам од овој голем клуб

Александар Васоски денеска е промовиран за нов тренер на Сараево. На официјална прес-конференција, Васоски се обрати на медиумите и ги објасни неговите цели и планови со клубот од БИХ.

„Чест ми е и задоволство што управата ме препозна мене да бидам дел од голем клуб како што е Сараево. Тоа е задоволство, но и голема обврска. Прва цел оваа сезона е клубот да излезе во Европа, да се освои Купот, а долгорочно млади играчи да вклучуваме во првиот тим, а зошто да не и во репрезентацијата на БИХ. Овој проект го туркаме заедно кон напред“, рече Васоски.

Тој ги искажа плановите за подготовките на клубот…

„Денеска е прозивката. 19-ти одиме на подготовки во Љубишки, каде ќе играме две контролни средби. Потоа на 30-ти јануари одием во Анталија каде се договорени четири пријателски нтпревари. Што се однесува до играчите, сакам да скенирам и да видам, и на подготовки одиме 24 играчи и тројца голмани. Овие денови ќе видиме со каков кадар располагаме“, вели Васоски.

Тој рече дека се има и друг план доколку коронавирусот ги поремети плановите за заминување во Анталија. Васоски напомена дека гледал неколку натпревари во Сараево, и дека сака да игра атрактивно и офанзивно.

Се вчитува...