Васоски се збогуваше од Академија Пандев: Клубот и градот Струмица вечно ќе бидат во моето срце

Александар Васоски и официјално е нов тренер на Сараево. Тој ќе го има првиот предизвик во странство, откако ги договори сите детали околу неговиот трансфер, а имаше и збогување со неговиот досегашен клуб Академија Пандев, кој ќе мора да бара нов тренер.

„Огромна благодарност до фудбалерите, моите соработници и управата на Академија Пандев за прекрасната соработка во изминатата година. Огромно благодарам до нашата фудбалска икона Горан Пандев кој ни овозможи одлични услови за работа. На Академија Пандев и посакувам да ги остварите своите цели за оваа сезона. Клубот и градот Струмица вечно ќе бидат во моето срце!!! Благодарам!“, напиша Васоски.

Се чека само промоцијата на Васоски како нов тренер на Сараево која треба да се случи во следните неколку часа.

Во меѓувреме и Академија Пандев му посака на Васоски успех на клупата на Сараево.

Се вчитува...